На 3 јануари, Михаел Шумахер ќе наполни точно 50.години, и тој ден, во негова чест, италијанскиот гигант ќе отвори посебна изложба во Маранело.
Германскиот автомобилист го возеше болидот на италијанскиот тим во периодот од 1996 до 2006 година, и освои пет од своите седум шампионски титули.
Во Ферари никако не го заборавија тоа, ниту пак сега, па во своите простории во Маранело ќе организираат поставка со најзначајните фотографии од кариерата на Шуми.
„Михаел има посебно место во историјата на Ферари” – се наведува во соопштението на италијанската екипа.
Изложбата ќе биде насловена како „Михаел 50″
Кон крајот на декември, 2013 година, после падот на скијање на француските Алпи, Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на главата, од која, како што е познато, сеуште не се опоравил.
Извор: СпортМедиа