На 18.12.2018 година во 21,45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на тунелите кај Демир Капија, од страна на полициски службеници при даден знак за запирање на патничко моторно возило „Опел астра“, возачот кој го управувал возилото не застанал и продолжил со движење кон Скопје, а кај клучка Демир Капија се упатил кон село Корешница, каде застанал.
Во возилото биле пронајдени три лица од Авганистан. По преземени мерки, биле приведени Д.Р.(18), кој го управувал возилото и Е.Ј.(21), кој бил сопатник во истото, двајцата од Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.