Со 16 милиони денари, Штип ќе дава поддршка на спортот идната година – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 1:56 PM

Со 16 милиони денари, Штип ќе дава поддршка на спортот идната година

 Според проектираниот буџет на општина Штип за 2019 година, локалната самоуправа ќе го поддржува спортот со 16 милиони денари.Тоа во споредба со средствата кои што беа издвоени минатата година е со 2 милиони денари повеќе.

Најголем дел од средствата или 14.650.000  се проектирани за поддршка на спортските екипи и спортските сојузи.Од овие средства дури 12 милиони денари ќе треба да легнат на сметката на Ф.Клуб ,,Брегалница”,така барем беше прецизирано во програмата за 2019 на градскиот фудбалски клуб.Рекција на опозицијата предизвика намалувањето на ставката предвидена за училишниот спорт.За разлика од минатата година кога за училишниот спорт биле издвоени 400.000 денари,тие сега се намалени на 250.000 денари.Зошто е тоа така ,предлагачот немаше образложение.

Од предвидените средства за спорт,100.000денари се предвидени за обезбедување на награди а еден милион денари за плаќање на сметките на клубовите.

На денешната седница на комисијата за спорт, беше разгледана и програмата за работа на Ф.К Брегалница,која што беше прифатена но со забелешка за седницата на Советот да биде дополнета според забелешките на членовите на комисијата.