МНР вработува млади дипломати – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 1:43 PM

МНР вработува млади дипломати

Еден од главните приоритети и заложби на Министерството, како и на министерот Никола Димитров, како што соопшти МНР, е развивање на компетентна, квалитетна и професионална дипломатија, подготвена да одговара на современите предизвици и суштински да придонесува кон исполнување на стратешките цели на Република Македонија. Во тој правец, според МНР, клучна е објективна селекција на високо перспективни млади кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија.

Од МНР охрабруваат пријавување на што поголем број на кандидати и наведуваат дека

Е потребно да достават доказ за државјанство на Република Македонија (уверение за државјанство), доказ за општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение за вработување), дипломите од последниот степен на образование, претходни степени на образование (сведителства од средно образование од сите години), дипломи од магистратура или докторат и сл., како и документот за нострификација и еквиваленција за оние кандидати кои своето образование го завршиле во странство, изјава заверена на нотар дека не е член на орган на политичка партија на републичко ниво, потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), потврда за работа со програми за канцелариско работење, други форми на стручно образование, дипломи или сертификати, разни препораки, потврди за волонтерски стаж, изјави или други документи кои ги поседуваат и кои се од интерес за работното место.

Условите за вработување на помошно-стручни службеници се различни и ќе бидат дополнително објавени.

Дополнителни информации во врска со новите вработувања ќе има на официјалната објава на огласот за вработување, на интернет страницата на МНР, официјалните профили на МНР на социјалните мрежи и интернет страницата на Агенцијата на администрација.