Јужна Африка издаде налог за апсење на Грејс Мугабе – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 1:40 PM

Јужна Африка издаде налог за апсење на Грејс Мугабе

Јужноафриканските обвинители издале налог за апсење за поранешната прва дама на Зимбабве, Грејс Мугабе, за наводен напад на модел во 2017 година, велат од полицијата.

Полицијата се одлучила на овој потег откако судот и го укина диплматскиот имунитет во Јули.

Јужноафриканската влада беше критикувана поради тоа што ја пуштила Мугабе надвор од државата по наводниот напад.

Габриела Енгелс ја обвини Мугабе за напад со кабел во хотелска соба во Јоханесбург.

Мугабе изјави дека во тоа време таа делувала во самоодбрана откако Енгелс во пијана состојба ја нападнала во собата каде што живееле нејзините два сина.

Портпаролот на полицијата Вишну Наидоо го потврди налогот за апсење и изјави дека тие побарале помоп од Интерпол.