Штип го одбележува својот патрон ,,Свети Никола” – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 1:34 PM

Штип го одбележува својот патрон ,,Свети Никола”

Со кршење на празничниот колач на плоштадот ,,Слобода”,завршији празнувањето на општина Штип, по повод патронот на градот ,,Свети Никола”.

Во празничната беседа по повод празникот,Владиката Иларион ја истакна важноста на празникот

,,Овој празник се славел низ вековите, се славел и кога сме биле во ропство и кога сме имале слобода ,еве и денес го славиме кога имаме своја држава и своја помесна афтокефална црква”,рече Владиката Иларион.

Во рамките на одбележувањето на празникот ,во соборниот храм „Свети Никола” се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА господин господин Стефан.

Свети Никола не им помага само на морепловците, туку ги чува сите верници од бурите во животот рече во своето обраќање пред верниците г.г Стефан.

-Зарем не сме опкружени постојано со проблеми, што се закануваат да не потопат, да не уништат, зар не се случило да се чувствуваме како давеници, па да сакаме да извикаме, како Апостолот Петар кон морето кога извикал „Господи спаси ме”. Зар не сме зафатени од внатрешните бури на страстите и препуштени на разните геополитички урагани, што ни се закануваат и како на црква и како на народ. Сепак и покрај тие бранувања, кои ги претрпуваме додека пловиме по морето на животот, никогаш не смееме да го оттргнеме тоа од себе, свеста дека поткрепени од Светиот Николај сето тоа можеме да го надминеме и на сигурно копно да испливаме, вели г.г Стефан.

Синоќа на свечена академија во Соборниот Храм Свети Никола им беа врачени наградите на овогодишните добитници.

Добитниците на годинешните признанија по повод Свети Никола се Штерјо Наков, почесен конзул на Република Романија во Република Македонија со седиште во Штип, стопанственик поддржувач и афирматор на Штип;  Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Република Македонија со седиште во Штип, претседател на Стопанската комора на Р. Македонија и Пеком Инженеринг, како општествено одговорна компанија.

Генералот Стојанче Ангелов е годинашниов добитник на орденот „Свети Никола”, што го доделува општина Штип.