Германскиот производител на спортска опрема Адидас го обвини фудбалерот на Барселона Рафиња за кршење на договорот.
Фудбалерот на каталонскиот тим имал договор со Адидас но мислел дека тој истекол па оваа сезона играл во Мизуно копачки.
Адидас одлучил поради тоа да го тужи. Сака тој да го почитува договорот кој го има и да носи копачки и опрема на овој производител бидејќи во спротивно следи казна од милион евра.
Рафиња моментално е надвор од теренот поради тешка повреда на лигаментите на коленото. Долго нема да биде на теренот, а на избегнување на Адидас се одлучил откако тие не му упатиле подршка
после две тешки повреди кои тој ги имал.
Меѓутоа, не можел самоволно да го раскине договорот, а на крај и добро поминал бидејќи Адидас барал само 100.000 евра казна за секој ден доколку не го почитува договорот.
Извор: supersport.mk