Бошњаковски: Владата не се меша во судството, целта на амнестијата е помирување – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 12:45 PM

Бошњаковски: Владата не се меша во судството, целта на амнестијата е помирување

Владата не се меша во судството, туку поддржува акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале или извршиле насилство на 27 април, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата.

-Во Република Македонија се случуваат историски процеси кои имаат една и единствена цел – интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Ова се процеси што ја движат Македонија напред. Пратениците од власта и дел од опозицијата ја прифатија иницијативата дадена од претседателот на владата, Зоран Заев, и во Собранието се формираше Интерпарламентарно тело за интеграција, реформи и помирување. Како што кажавме и повеќе пати, Владата поддржува акти со кои ќе се дефинираат помирувањата. Акти со кои јасно ќе се разграничи насилството, физичкото насилство и осмислувањето на насилството за 27 април наспроти присуството во Собранието како дел од толпа, односно тие што го осмислиле црното сценарио, тие што извршиле насилства и тие што треба да се исправат допрва пред лицето на правдата. Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема, ниту ќе има по која било основа. Целта на овој Закон е да се донесе помирување помеѓу највисокиот орган во државата, односно во Собранието на РМ, рече портпаролот Бошњаковски на новинарско прашање во врска со коментарите за мешање на Владата во правосудството.

Во однос на изборот на нов градоначалник во Охрид посочи дека откако формлано правно ќе се констатира состојбата од страна на Министерството за локална самоуправа до Владата, од страна на Владата треба да се информира Собранието кое во координација со ДИК треба да го отпочнат процесот за нови избори. Рокот за тоа е шест месеци.