Дваесет и девет годишниот М.Е, вработен како архивар во кавадаречката полиција заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување и спречување на докажување. Пријавата е поднесена од одделот за внатрешна контрола, криминачистички истраги и професионални стандарди.
Пријавениот изнел од полициската станица и уништил докази за водење на кривична постапка против лице со иницијали С.Т.
„ Имено на 25.09.2018 година во Полициската станица Кавадарци, пријавениот, како овластено службено лице-документарист – архивар во Полициската станица Кавадарци примил изготвена кривична пријава против С.Т. со прилог доказен материјал и тоа опојна дрога марихуана со извештај од вештачење за истата и мобилен телефон “Ајфон”, по што истиот не ја доставил кривичната пријава со доказниот материјал до Основното јавно обвинителство Велес, туку истиот ден пријавата со доказниот материјал го изнел од службените простории на Полициската станица Кавадарци и истите ги уништил со што спречил водење на кривична постапка“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Ангел Данов