Куба отфрли уставен амандман за легализација на истополови бракови – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 10:53 AM

Куба отфрли уставен амандман за легализација на истополови бракови

Куба го отфрли амандманот на новиот Устав кој ќе го отвореше патот за легализација на истополовите бракови, во знак на „почит кон различните мислења“.

Комисијата која е задолжена за изготвување на новиот Устав предложи да се исфрли амандманот за легализација на истополовите бракови кој требаше да гласи дека бракот е заедница на „двајца луѓе … со апсолутно исти права и обврски“ за кој се побунија Црквата и мнозинството граѓани.

Првиот нацрт на новиот Устав, кој беше објавен во јули, вклучуваше член кој го редефинираше бракот како родово неутрален, а не помеѓу маж и жена, проект кој го промовираше ќерката на Раул Кастро, лидерот на Комунистичката партија.

Комисијата задолжена за изготвување на новиот устав на Куба го ревидираше оригиналниот нацрт за целосно да го отстрани поимот брак. Комисијата во вторникот му соопшти на Националното собрание дека прашањето за бракот, наместо во Уставот, треба да се третира во семејниот закон кој наскоро ќе се ажурира по усвојувањето на новиот Устав.

Извор:МИА