На пластичните чинии,чаши и цевчиња им одѕвони во Е.У – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 9:25 AM

На пластичните чинии,чаши и цевчиња им одѕвони во Е.У

Европската Унија постигна договор за забрана на употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии или цевчиња.

Австриската министерка за одржливост и туризам Елизабет Кестингер напишала на Твитер за постигнатиот договор, истакнувајќи дека станува збор за ,,пресврт во напорите да се намали пластичниот отпад”

Рамковниот договор треба службено да го потврдат и земјите членки на Е.У и Парламентот на ЕУ, а како се очекува,ќе стапи на сила за две години, пренесува хрватскиот портал Indeks.

Европската комисија , во мај предложи забрана на низа пластични производи за еднократна употреба за кои постојат алтернативи кои што не се од пластика, вклучувајќи ги еднократните пластични прибори за храна.