Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место на несреќата што се случи утринава на железничкиот премин на ул. „Благоја Стевковски” во скопската населба Хиподром.
Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз што се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈОРМ.
Во несреќата на лице место починал возачот на автомобилот, вработен во полициската станица Гази Баба. Увидот е во тек.