Буџетот за 2019 година е во последната собраниска фаза и во интерес на граѓаните, државата и економиојата за очекување е поддршка од сите пратеници во Собранието. Буџетот за 2019 е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, велат од СДСМ.
„Во 2019 година се очекува забрзан раст на Бруто домашниот производ од 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции. Во 2019 година трендот на раст на платите ќе продолжи. Во Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијта, градинките, центрите за социјални грижи, судството, културата, додека повисоки плати за 10 отсто ќе добиваат лакрите специјалисти. Се реформира и системот за социјална заштита. Со воведување на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права корисниците на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Се создаваат можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток“, велат од партијата.
Додаваат дека се обезбедуваат повеќе пари за инфраструктурни проекти, повеќе пари за мерки за вработување и зголемена поддршка за земјоделците.
„Дополнително, низ контруктивната дебата во Собранието, прифатени беа и 9 амандмани поденсени од опозицијата во вредност од 500.000 евра. Со Буџетот за 2019 година се остваруваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за економски раст и развој, нови инвестции и повеќе пари кај граѓаните“, велат од СДСМ.