Погба поради постови за Мурињо се соочува со парична казна – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 9:47 AM

Погба поради постови за Мурињо се соочува со парична казна

Повеќе од јасно беше дека односот помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба не беше на потребното ниво многу долг период. А се беше јасно од ден на ден во јавноста бидејки можевме да прочитаме различни статии поврзани со нивното несогласување.

Французинот се соочува со парична казна поради објавување пост на социјални мрежи по веста за оставката на Португалецот.

Погба стави фотографија на Инстаграм која многумина ја сметаат за прослава поради отказот на Мурињо, со кого Французинот имаше конфликт. Набргу потоа, фотографијата беше отстранета, но коментарите продолжија.