Мариса Папен, контроверзната Playboy зајачица од Белгија, реши да ризикува сѐ во име на уметноста. Но, полицијата на Ватикан не дозволи нејзината мисија да помине неказнето. Таа беше уапсена бидејќи се прошета гола, држејќи голем дрвен крст, низ улиците на Ватикан.
Белгијката Мариса Папен беше уапсена додека позираше целосно гола на улицата пред црквата Св. Петар. Таа претходно го направи истото пред свет храм во Египет и пред џамија во Турција – и на двете места беше строго осудувана од религиозното население.