Како да станете утринска личност? – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 8:25 AM

Како да станете утринска личност?

Верувале или не, можно е да имате утро кое не е исполнето со стрес и брзање.

Но, за да го направите тоа ќе треба да си поставите неколку правила за себеси, и да ги почитувате истите.

Утринска вежба

Лесното вежбање наутро може да биде поефективно од кафето, кога се работи за расонување.

Пробајте да се разбудите дваесетина минути порано и направете неколку лесни вежби пред да ги измиете забите, или уште подобро, вежбајте додека чекате да се направи утринското кафе.

Имајте аларм за сѐ

Наместете аларм за сѐ, без разлика дали е утринска обврска или нешто што треба да го завршите во текот на денот.

Така ќе се навикнете на местење аларми, а и нема да ви биде одбивен звукот кога алармот ќе ве буди наутро.

Направете си утринска рутина

За да го избегнете заборавањето на клучевите, телефонот или паричникот, најдобро е да си направите утринска рутина која ќе ја практикувате секое утро.

Смислете редослед на активности кој ќе можете да го почитувате секое утро и водете се според него.

Останете психички активни низ целиот ден

Во моменти кога немате што да правите, читајте книга, списание или слушајте подкаст.

Најдобро за вас е да го чувате мозокот активен, за тој да биде спремен за предизвик во секое време.