Државата ќе им ги враќа каматите на земјоделците кои добиле ИПАРД поддршка – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 7:44 AM

Државата ќе им ги враќа каматите на земјоделците кои добиле ИПАРД поддршка

Земјоделците ќе си ги добијат назад парите што ги дале за камати. Поддршката се однесува на оние кои зеле кредит од домашните банки и штедилници за да ивестираат, а потоа добиле поддршка преку ИПАРД програмата. 50 до 70 отсто од каматата ќе добијат сите земјоделци и фирми кои инвестирале по 25 декември 2016. Единствени услови се каматата да не надминува 8 проценти на годишно ниво, а кредитот да е до половина милион евра.

-Станува збор за кредити кои што се во времетрање од 10 години. А средствата, односно кредитот е подигнат за реализација на проект кој што е добиен преку ИПАРД програмата. Тоа се наменски средства. Со нив на еден начин сакаме да им помогнеме на нашите стопанственици, изјави директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Парите кои што се враќаат се од државниот буџет. Но, според директорот Бабовски, се поттик за стопанството да користи пари од ИПАРД.