Престојот на ладно време позитивно влијае на вашето здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 8:00 AM

Престојот на ладно време позитивно влијае на вашето здравје

Најверојатно сте слушнале дека ладното време и свежиот воздух влијае позитивно на вашето здравје, но за кои бенефити  всушност станува збор?

Ви ги носиме неколкуте најголеми предности, кои ладното време има на вашето здравје:

ИМАТЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА
Прошетката по ладно време ќе ве наполни со силна енергија, па по враќање дома од подолга прошетка ќе бидете порасположени да заврште многу обврски. За да ладното време ве разбуди, не е потребно надвор да поминувате саати, доволно е кратка и брза прошетка.

ВЛИЈАЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА СОНОТ
По ниска температура во просторијата во која спиете влијае на квалитетот на вашиот сон, посебно одговара на луѓето кои страдаат од несоница и кои можат полесно да заспијат во соба каде температурата е околу 15 степени целзиусови.

ДИШЕМЕ КВАЛИТЕТЕН ВОЗДУХ
Во зима воздухот значително се чисти во однос на летните месеци. Поради чистиот воздух, ова е идеално време за престој во природа и долга прошетка. Покрај тоа температурата и свежиот воздух се идеални за трчање во природа.