Време е за ужина: Здрав меѓуоброк кој ќе ви помогне при губење на тежината – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/18 7:00 AM

Време е за ужина: Здрав меѓуоброк кој ќе ви помогне при губење на тежината

Ужината, односно времето во кое меѓу оброците само грицкаме по нешто, најверојатно се најголемите непријатели при губење на тежината. Проблемот е во тоа, што периодот помеѓу два оброка најмногу посегнуваме по нездравите грицки, но ако ја промениме навиката и како вклучиме здрава ужина, мал оброк, може уште многу повеќе ефикасно да ја губиме тежината, со што би го забрзале метаболизмот, низ режимот на исхрана кој се состои од пет помали оброци.

Еве неколку совети за здрави грицки, кои може да бидат идеална ужина, ако сакате да ослабете:

МИКС ОД ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Направете микс од бадеми, ореви, индиски ореви, лешник и печени кикирики, на кои ќе им додадете и малку суво овошје. Консумирајте една шака од овие намирници и ќе бидете сити до ручекот, но не претерувајте, зошто иако спаѓа во здрава ужина, сувото овошје е многу калорично.

ПРИРОДЕН ОВОШЕН ЈОГУРТ
Наместо да купувате овошен јогурт преполн со шеќер, во обичен јогурт ставете свежо овошје и измешајте го, за да добиете пол вкус на овошје, ставете вештачки засладувач.

ЈАЦА И ТОСТ
Пола од оваа порција ќе биде идеална ужина, ако сте многу гладни и потребно вие нешто што ќе ве држи сити до ручекот. Ваше е да одлучите дали ќе јадете варено или печено јајце со парче тост, но важно е да изедете едно јајце , бидејќи сепак се работи за меѓуоброк, количински би требало да биде помала порција од регуларен оброк.

ПУКАНКИ
Пуканките се идеална ужина, која не дебелее. Со нив може д акористите најразлични зачини за да добиете интересен вкус.