Јавно претпријатие ќе управува со регионалната депонија за источниот и северно – источниот регион – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 5:54 PM

Јавно претпријатие ќе управува со регионалната депонија за источниот и северно – источниот регион

Ј.П ќе управува со регионалната депонија за Источниот и Северо-источниот плански регион Јавно претпријатие ќе управува со регионалната депонија заедничка за Источниот и Северо-источниот плански регион.Така начелно се договорија градоначалниците од Источниот плански регион и градоначалникот на Свети Николе во чии што атар ќе биде лоцирана депонијата. Што се однесува до тоа каде ќе биде седиштето на Ј.П, договорено е да се свика заеднички состанок со Северо-источниот плански регион и да се одбере меѓу Штип, Свети Николе и Куманово.

-Ниту една општина и во двата региони не е оддалечена од Штип повеќе од 100 километри а тука некаде е и Свети Николе-констатираше штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Градоначалниците не се согласуваат со инсистирањето на општина Куманово седиштето на телото што ќе управува со регионалната депонија,да биде таму, врз основа на тоа што таму имало најмногу отпад за депонирање. Сите градоначалници се сложија дека активностите околу депонијата мора да се интензивираат затоа што освен потребната техничко-правна документација друго не е ништо направено.

,,Најважно е сега да се формираат регулаторните тела-Регионални центри ,по еден во двата региони и тело кое што ќе го води тој регионален систем за да може сите проекти што се изработени и да се реализираат,“, вели Живка Михајлова-раководител на стручната служба за регионалната депонија.

За градоначалникот на Свети Николе,,Сашо Велковски се уште не се надминати сите недоразбирања околу локацијата на депонијата кај Мечкуевци.
,,На неколку наврати по мое инсистирање имавме состаноци со Министерството за животна средина и Комесаријатот на ЕУ во Скопје и се договоривме сите тие недоразбирања да ги надминеме.Беа посочени сите недостатоци што се предложени од претходната Локална самоуправа и се сложивме да преку еден транспарентен однос граѓаните и земјоделците бидат запознати околу депонијата, да се реагира што побргу од страна на Министерството за животна средина но и Министерството за транспорт и врски,бидејќи оние патишта кои што водат кон таа депонија моментално треба да поминуваат низ градот Свети Николе. Се надеваме дека овој проблем ќе биде надминат“, вели Велковски.

Активностите околу изградба на регионална депонија се започнати уште во 2009 година.Сега со 34 милиони евра европски пари ќе се гради заедничка депонија за 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион .Депонијата треба да се отвори во 2020 година,а за две години колку што е добиен проектот , освен подготвена документација не е сработено ништо.