Шеесет и осумгодишен ловџија од Кавадарци е тешко повреден додека бил на лов од страна на друг ловџија. Немилиот настан се случил во селото Команичево, потврдија од СВР Велес.
На 12.12.2018 година околу 10,30 часот пријавено е дека во село Команичево, кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, 68 годишен кавадарчанец се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија, на возраст од 27 години. На повредениот му била укажана лекарска помош во кавадаречката болница, каде му била констатирана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – инфоирмира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ангел Данов