Мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две туристки од Норвешка и Данска биле пронајдени мртви на Атласките Планини во централниот дел на Мароко.
„Ројтерс“ пренесе дека двете имале повреди на вратот од нож.
„Жените се пронајдени во изолирано подрачје на патот кон Тубкал, највисокиот врв во Северна Африка“, се вели во соопштението на мароканското Министерство.
Осомничениот е уапсен во градот Маракеш под сомневање за убиство, според мароканските власти.
Осомничениот е задржан во притвор “за да може да се открие мотивот на кривичното дело“, се вели во соопштението на централното биро за судска истрага.