Тетовските студенти преку протест ги бараа своите права – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 2:41 PM

Тетовските студенти преку протест ги бараа своите права

Под мотото „Протестирај со студентите“ тетовските студенти го искажаа својот револт, од како што велат, беззаконието кое владее на факултетите во Тетово.

Истакнаа дека и првите луѓе на универзитетите знаат за катастрофалната состојба на високообразованите институции, каде има мито, корупција и голема нетраспарентност.

„Но и покрај нашето реагирање до нив, ништо не се презема, па затоа одлучивме преку протест да го искажаме револтот“, велат студентите кои на протестот упатија 14 барања.

Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на Универзитетот. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатуритев – рече една студентка.

Тие истакна дека на дел од студентките, им биле нудени непристојни работи за да добијат преодни оценки. Протестот, како што рекоа тетовските студенти, ќе продолжи и понатаму со поголема масовност.