Без разлика на тоа дали вашата девојка ве изневерила, во тоа се сомневате или вие сте ја изневериле неа, во продолжение следат неколку митови кои се поврзани со неверството, а треба да ги знаете пред да излезете со оправдание за направеното или да го проверите постоечкото.
Причините за неверство може да бидат многубројни, а ова се само некои од нив:
– Луѓето изневеруваат бидејќи не се задоволни дома
Ова е мит кој е вистинит за жените. Но, за мажите не е – многу мажи кои ги сакаат своите сопруги, ги изневеруваат.
– Мажите изневеруваат повеќе од жените
Иако во минатото ова беше точно тврдење, денес тоа веќе не е случај. Можеби мажите повеќе зборуваат за изневерување, но и жените изневеруваат. Поминаа деновите кога жените своето незадоволство го решаваа со нова фризура или шопинг. Разликата е тоа што мажите често бараат некоја за забава надвор од бракот, додека жените ја бараат својата сродна душа.
– Аферите во главно вклучуваат само секс
Некои авантури се базираат исклучително на секс, но некои од нив не. Овој мит е само делумно точен. Некои афери се резултат на љубов која од една или двете страни не може да биде остварена од повеќе причини. Сексот може и да не е составен дел од аферата, или пак да не е она најважното што ги тера да се гледаат.
– Ако ве изневерува, не ве сака
Можеби тоа е единственото чувство кое ве обзема кога некој ќе ве изневери, но тоа не е секогаш точно. Тоа може да е некој чуден сплет на околности, дури повеќе може и да значи дека не ве почитувале доволно, но не и дека не ве сакале.
– Секс со поранешниот партнер не се смета за изневерување
Иако многумина го користат ова како изрека, тоа и понатаму се смета за неверство.
– Неверството може да го зацврсти бракот/врската
Ова е мит кој речиси никогаш не се докажал за точен. Иако за некој може да послужи како добра изрека, тоа и понатаму не е оправдан изговор. Некои кои простиле неверство тоа можат да го потврдат, сепак тоа го прават со нецелосна доверба. Неверстовото секогаш носи сомнежи во врската или бракот, и веројатно не постои начин кој може да ги зацврсти истите.
– Ако и претходно изневерувал, и вас ќе ве изневери
Иако многумина не сакаат да признаат, сепак ова е горката вистина. Изневерувачите можат да се заљубат и да го одложуваат неверството, но при најмала шанса лесно ќе подлегнат и повторно ќе го направат истото. Еднаш неверник, веројатно – секогаш неверник.
– Не е неверство ако партнерот не дознае за тоа
Тоа зависи од личноста. Постојат луѓе кои немаат грижа на совест и нема да се каат ниту ќе мислат дека направиле нешто лошо се додека другара страна не дознае. АКО дознае. Постојат и онакви кои не можат да го издржат притисокот на совеста, па едноставно ќе си кажат или несакајќи ќе се издадат