Советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата на Советот на Општина Кочани, на која во продолжение требаше да се разгледува Буџетот за 2019 година. Опозиционерите си заминаа без образложение. Од Општина Кочани соопштија дека советниците ја напуштиле седницата откако се препознале во критиката од градоначалникот Николчо Илијев.
–Веројатно им пречи начинот на нашето работење, начинот на кој ние се справуваме со проблемите и начинот на кој го реализираме буџетот, кој се полни од парите на граѓаните, видоа нешто што ги загрижува. Ги загрижува тоа што со помалку средства реализираме повеќе проекти, тоа што за првпат програмски и финансиски транспарентно покажуваме каде оди секој денар.
На продолжението од седницата на дневен ред се најде нацрт-буџетот за 2019 година, расправа во која опозициските членови на Советот не се вклучија.