Од документите на Викиликс може да се заклучи дека Никола Димитров, во 2008 година, како македонски преговарач со Грција за името, редовно го информирал претставниците на амбасадата на САД во Македонија за текот на преговорите.
Ова се телеграми на американската амбасада на САД во Скопје испратени во Стејт департментот и во ЦИА, од февруари 2008 година, два месеци пред самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија требаше да стане членка на НАТО заедно со Албанија и Хрватска.
Од овие документи може да се заклучи дека Димитров и тогашниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски биле категорично против одржување на референдум во врска со спорот за името. Никола Груевски, според информациите на Димитров, бил против предлогот за решение на проблемот со името на преговарачот Метју Нимиц.
Превземено од: МКД.мк