Стојанче Ангелов, Штерјо Наков, Бранко Азески и компанијата Пеком инжинеринг, се добитници на орденот и светиниколските признанија, што во чест на патронот ги доделува Општината Штип.
Орденот на Ангелов ќе му биде доделена вечерва на свеченост. Во образложението од Општината стои дека Ангелов, кој потекнува од Штип, е „патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија.
Генералот во сите изминати години жестоко се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата.Големината на овој човек е и во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување“.
Бизнисменот Штерјо Наков пак, е еден од тројцата добитници на признанието „Свети Никола“. Наков, кој е по потекло од штипско, признанието го добива како почесен конзул на Република Романија во Република Македонија со седиште во Штип, стопанственик поддржувач и афирматор на Штип.
Меѓу добитниците се и Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип и штипската компанија Пеком инженеринг, како општествено одговорна компанија.
Објавено на: 12/18/18 1:19 PM