Велосипедистот Џеки Чен (40) од Тајван пристигна во Шибеник. Досега има поминато 40.000 километри и има видено околу 60 земји. Патувањето на Џеки Чен почна во јуни 2015 година на Алјаска, од каде што отпатува за Јужна Америка и со авион слета во Европа. Патувањето ќе го продолжи во Турција.
Џеки има слично име како познатиот хонгконшки актер и стана ѕвезда во многу градови, особено помалите.
Во последните две и пол години потрошил околу 250 долари на патот. Неговата цел е да се врати дома на Тајван, да објави книга за своите впечатоци и да ги охрабри луѓето да си ги исполнат своите соништа.