Тримесечното бебе спаси семејство од трагедија – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 1:27 PM

Тримесечното бебе спаси семејство од трагедија

Ако не заплачеше тримесечната Софија, веројатно српското село  Виничка сега ќе беше  во тага за семејството Малеш.

-На полнок заплака нашето бебе.Сопругата го слушна нејзиниот плач и отиде до неа,а после се слушна како се крши нешто на покривот.Сфати дека нешто гори. Ме разбуди, го земав бебето и право излеговме надвор,не стигнав ништо да облечам.Толку бевме преплашени од оганот на покривот, што немавме време да ги земеме ни основните работи.Истрчавме надвор и видовме огромен пламен кој се издига над нашата куќа – изјави Мирко Малеш за Блиц.

„Прво што ми помина низ мислите во тој момент беше да ја заштитам ќерка ми од студот.Ја ставив во автомобилот и отидовме до најблиската куќа.Во меѓувреме повикав пожарна“.

Додека стигнала пожарната од Приепоље, огнот продолжи да се дига до 30 метри.
Девет пожарникари спречија да се прошири пожарот до приземјето на куката во која живее семејството на Мирко.