Безживотно тело на 55-годишен маж, за кој се претпоставува дека починал од смрзнатини, е пронајдено вчера попладне во напуштена куќа во Нови Пазар.
Тој е трета жртва на ниските температури во Србија.
“Блиц” објави дека е станува збор за бездомникот Сенад С.. Телото било пронајдено од страна на локалното население, а за случајот биле информирани полицијата и обвинителите, кои спровеле истрагата.
Точната причина и повеќе детали за смртта на Сенад С. ќе бидат познати по истрагата.
Претходно вчера, беа пронајдени тела на уште двајца, кои настрадале од ниските температури. Една од жртвите е 61-годишен маж од Шид, кој живеел во викенд населба.
Втората жртва е маж, чие тело беше пронајдено во снегот во селото Лачарак кај Сремска Митровица. Утврдено е дека умрел од смрзнување.