Во центарот „Илирија“ во Тетово денес во 12.30 часот ќе се одржи протест на албанските студенти под мотото #MeStudentët (#СоСтудентите).
На овој начин, со овој протест тие им се придружуваат на студентските протести во Албанија и ќе истакнат 13 барања, пишува „Порталб.мк“.
Укинување или субвенционирање на цената од 50 евра за двомесечната пракса, укинување на сумата од 100 евра за отпишување, како и објавување на Статутот на Универзитетот во Тетово и извештајот за евалуација на учениците која ја прават професорите на веб-страницата на универзитетот,се неѓу најглавните барања на студентите.