Жозе Мурињо од денеска веќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед. Информацијата ја објави англискиот клуб, потврдувајќи дека Португалецот ја напушта функцијата.
– Клубот му благодари на Жозе Мурињо за соработката, ќе биде назначен привремен менаџер за продолжението од сезоната, а во меѓувреме ќе биде пронајдено и долгорочно решение, – стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Мурињо беше назначен како нов предводник на Манчестер Јунајтед во 2016 година и од тогаш освои трофеи во куповите во Англија, како и во Европа Лигата. Сепак, Португалецот не успеа да го крене клубот и според многумина сосема заслужено доби отказ од Манчестер Јунајтед.
Превземено од: derbi.mk