Денес ќе бидат пренесени во Македонија телата на починатите од сообраќајката – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 11:16 AM

Денес ќе бидат пренесени во Македонија телата на починатите од сообраќајката

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, соопшто дописникот на МИА од Белград.

-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.

Дванаесете лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ”, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.

Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравстевна состојба и приклучени се на апаратите за дишење. Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени. Лекарите во овие болници ја следат сотојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските задравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта”, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.

Од полицијата и од истражните служби на Србија, не информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта”, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.
Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.