Повеќе од половина од убиените новинари настрадале во само пет земји-Авганистан, Мексико,Јемен и Индија, се наведува во годишниот извештај за медиумските слободи во светот објавен денеска во Берлин.
Според податоците 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, девет во Мексико, осум во Јемен и шест во Индија.Во извештајот исто така стои дека шест новинари настрадале во САД, од кои четворица загинале во нападот на весникот Capital Gazette во Мериленд.
Репортери без граници истакнуваат дека 348 новинари во светот се во затвор, најголемиот дел во пет земји-Кина(60 новинари), Египет(38 новинари), Турција(33), Иран(28) и Саудиска Арабија(28)
Во последните десет години ,во светот се убиени 702 новинари.


