Секторот за внатрешни работи во Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, почна со превентивна активност наменета за пешаците насловена „Биди видлив„ во партнерство со „Центарот за возила” од Струмица.
-Целта на превентивната активност е покревање на свеста кај пешаците, особено кога временските услови се непогодни при појава на магла, снег и дожд, а денот е пократок. За таа цел „Центарот за возила” од Струмица обезбеди флуоросцентни елеци кои полициските службеници ги делат заедно со леток со цел поттикнување на свеста кај пешаците да бидат видливи со што ќе придонесат за намалување на сообраќајните незгоди врз оваа категорија учесници во сообраќајот, рече Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица.
Додаде дека најчесто постарите лица се жртви на сообраќајни несреќи поради грешки на возачите, свои грешки и непочитување на сообраќајните знаци правила и прописи.


