Заев и Ципрас денеска ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 9:01 AM

Заев и Ципрас денеска ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинирањето на Заев и Ципрас ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

На церемонијата во ФОН ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за оваа номинација.

На утрешната церемонија, покрај Бушамауи и Кулоглу, ќе се обратат и ректорот на ФОН Нано Ружин и генералниот менаџер на Првиот приватен универзитет Сефер Цаноски.

По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи, Ружин, Цаноски и Кулоглу заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат иницијативата.