Мумбаи: Шест лица мртви и 146 повредени во пожар во болница во Марол (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 9:30 AM

Мумбаи: Шест лица мртви и 146 повредени во пожар во болница во Марол (Видео)

Шест лица загинале, а 146 се повредени во пожар во петкатна болница во Марол.

Меѓу починатите е и 5 месечно бебе. Било донесено мртво во болницата Holi Spirit. Бебето се’ уште не е идентификувано. Во критична состојба се дваесет и едно лице вклучувајќи и пет бебиња.

Според пожарникарите во општинската корпорација Brihanmumbai (BMC), пожарот избувнал во 16 часот на четвртиот кат од болницата.

Околу 147 лица беа спасени и префрлени во болницата Купер (Andheri West), болницата P. Thakrey (траума), Jogeshwari (исток), болницата Holi Spirit и болницата Seven Hills во Andheri (исток). Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот до 19.30 часот.

„Чадот се рашири низ зградата и некои од пациентите помислиле дека се заробени на терасата на зградата. Седум пожарникарски возила, пет танкери за вода и три скали за гаснење се присутни на самото место “, изјавил еден официјален претставник.