Измама: Бандера за струја близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/18 8:23 AM

Измама: Бандера за струја близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.

Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.

Извор: meta.mk