Нинџа нуди дополнителни докази: Невиноста за „27 април“ сака да ја докаже со над 100 аудио снимки и фотографии – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 8:15 PM

Нинџа нуди дополнителни докази: Невиноста за „27 април“ сака да ја докаже со над 100 аудио снимки и фотографии

Со 115 аудио снимки  и 20 фотографии како дополнителен доказ за таканаречениот „крвав четврток“ располага Александар Василевски Нниџа, кој е меѓу обвинетите за насилниот протест што ланскиот април се случи во Собранието. Нинџа бара овие докази да бидат изведени во судот без присуство на јавноста. Тој тврди дека истите веќе ги доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција, а обвинителката Ивана Трајчевска која го води овој случај заедно со Вилма Рускоска, рече дека доказите не се доставени до неа.

Адвокатката на Нинџа, Елеонора Јанковиќ не сакаше да открие ништо поконкретно. Според неа, се работи за службена тајна.

Нинџа на едно од претходните рочишта, давајќи исказ во Судот, изјави дека упадот во Законодавниот дом, бил координиран од осмиот кат на Белата палата на  ВМРО-ДПМНЕ. Дополнителни докази најави и одбраната на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Мунир Пепиќ, но пред да се претстават пред судското тело, овие докази треба да се декласифицираат.

Судењето за случајот за „27април“ во кој се обвинети 33 лица продолжува в четврток.