Трајковски бил во Будимпешта поради лечење на синусите, средбата со Груевски не ја коментира – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 6:41 PM

Трајковски бил во Будимпешта поради лечење на синусите, средбата со Груевски не ја коментира

Никола Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е и не излегува често – тврди Александар Трајковски, кој минатата недела беше фотографиран со екс премиерот во Будимпешта. Трајковски вели дека таму бил поради лечење на синусите и токму поради тоа, не се појавил на минатото рочиште за случајот „Насилство во Центар“ на СЈО, каде тој е меѓу обвинетите.

Судњето за овој случај продолжи денеска, па на паузата Трајковски на новинарите им покажа документација и сметки за платениот преглед, но одби да ја коментира средбата со Груевски.

Тој сега е задолжен да направи копија од целата медицинска документација и да ја достави и до Судот и до СЈО – посочи во изјава за медиумите неговиот адвокат, Боро Тасевски.

Тасевски и неговите колеги Димитар Дангов и Стерјо Зиков денеска одлучија дека во предметот за „шамарите во Центар“ веќе нема да го застапуваат Груевски, кој е еден од деветмината обвинети.

Груевски доби адвокат по службена должност – Петар Димовски.