Фото: Goran Stanzl/PIXSELL
Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер кој е обвинет за најголемите корупциски афери, денес не се појави во Жупаснкиот суд во Загреб.
Санадер јавил дека е болен, па поради тоа не е одржано денешното рочиште на повтореното судење во аферата ИНА-МОЛ на коешто требаше да сведочи главниот сведок од првата постапка, Роберт Јежиќ.
Судиката на Загрепскиот Жупански суд Маја, Штампар Стипоќ го одложи рочиштето за 4 февруари откако одбраната на Санадер, неговото отсуство го оправда со температура со обврска дека во текот на денот на Судот ќе му биде доставена лекарската документација.
Во меѓувреме, Индекс објави фотографија на Иво Санадер направена вчера на аеродромот во Париз.
Неговат адвокатка, Јадранка Слоковиќ на прашањето како тоа Санадер пред еден ден бил во Париз, а денес е болен за на суд таа одговори дека тој вчера се вратил од пат.
„На нас, адвокатите ни јави дека не му е добро, дека е болен и дека има температура. Не знаеме каде бил“, изјавила за Индекс,Соколовиќ.


