Актер на Дизни отпуштен откако бил уапсен за обид да има секс со малолетно лице – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 3:06 PM

Актер на Дизни отпуштен откако бил уапсен за обид да има секс со малолетно лице

Стони Вестморленд, 48-годишен актер на Дизни Канал, беше уапсен во Јута поради наводно допишување  на интернет со корисник кој се верува дека има 13 години .

Според онлајн записите, Вестморленд – кој играл дедо на „Анди Мек” – бил уапсен во петокот поради мамење на малолетник преку Интернет , и споделување на материјали штетни за малолетник. И двете се кривични дела.

Локален извештај на KSL ги наведува судските документи во кои се тврди дека актерот почнал да комуницира со онлајн корисник за кој верувал дека е само 13 години, на апликација која се користи за датирање и договор за сексуални средби.

Вестморленд, исто така, се појави во епизоди на популарните ТВ-емисии како”Scandal,” “Breaking Bad,” “Better Call Saul” и “NCIS.”