Нова театарска премиера во МНТ „Галеб“: Текст за храброста на младите автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 2:46 PM

Нова театарска премиера во МНТ „Галеб“: Текст за храброста на младите автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена

Нова театарска премиера ќе се најде на репертоарот на Македонскиот Народен Театар. Станува збр за претставата „Галеб“ од П.А. Чехов во режија на Нина Николиќ.

Премиерата на претставта е закажана за 18 –ти декември во вторник со почеток во 20 часот. Со премеирата во МНТ ова ќе биде трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари Антон Павлович Чехов, на големата сцена во МНТ. Претходно „Галеб“ го поставиле режисерите Димитар Ќостаров во далечната 1960 –та година и Бранко Ставрев во 1990 година.

„„Габел“ е текст за храбрста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои се уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките – театарските  кругови и во општеството. Станува збор за текст во кој е јасно нагласено дека човек мора до крај да се бори за она во што верува и за она кое природно му следува“, изјави режисерката Николиќ нагласувајќи дека станува збор за дело од светската класика.

Николиќ вели дека драмата содржи приказна актуелна за сите нас, луѓето, кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме  подготвени до крај да се бориме за невозвратена или неостварлива љубов во која веруваме.

„Драмата раскажува приказни кои се универзални и кои се движечка сила на човекот воопшто, бидејќи ништо не се променило од пред 120 години кои Чехов го напишал текстот“, изјави режисерката Нина Николиќ.

Во претставата „Галеб“ која ќе се одигра на големата сцена во МНТ играат актерите: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарија Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.

Во поставување на претставата учествуваше меѓународната екипа на соработници, меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србја, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу д Грција. Композитор на главанта музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски. Постојани соработници на повеќе претстави на Нина Николиќ се драматургот Драгана Лукан Николоски и костимографот Ивана Каранфиловска Угуровска.


Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 –ти декември во фоајето на МНТ ќе биде отворена и изложбата со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство, Петре Арсовски.

Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на акатерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра,а  се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.