Рап музиката станува проблем во Русија, власта воведува мерки за контрола – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 9:33 AM

Рап музиката станува проблем во Русија, власта воведува мерки за контрола

Загрижен поради се поголемата популарнот на рапот, рускиот претседател Владимир Путин побара од Министерството за култура побара да ја контролираат музиката. Ако не може да ја запреме, тогаш мора да ја насочуваме и контролираме, рече Путин.

Неговиот коментар доаѓа откако десетина настапи на рапери беа откажани, по предупредувањата на официјалните лица кои тврдат дека промовирале погрешни вредности. Путин истакна дека рапот се базира врз три столба- секс, дрога и протести. На средба со советниците за култура Путин предупреди дека обидите да им се забранат настапите на изведувачите би имале спротивен ефект, како и дека само ќе ја зголемат популарноста на рап музиката.

Најмалку тројца музичари неодамна беа притворени бидејќи, според руските закони, изведувачите може да се соочат со парични казни и други форми на одговорност поради непристојност за време на нивните настапи. Преку симболичен гест на помирување, Рускиот парламент најави дека ќе организира натпреварување за најдобра рап-песна на тема патувања во Русија.

Во меѓувреме, музичарите се снаоѓаат и организираат скришни настапи како електронско дуо „Ic3peak“ на Настја Креслина и Николај Костилев . И тоа не е гаранција дека настапот нема да биде прекинат.



Превземено од: РадиоМОФ