Имате покачен холестерол во крвта? Потрудете се да го доведете во нормални граници. Постојат голем број на природни лекови кои може да ви помогнат во намалување на покачениот холестерол во крвта, кои често ветуваат брзи резултати. Но, балансирањето на холестеролот може да се постигне преку правење на поздрави избори од храната, промена на дневната рутина и вклучување на суплементи.
Подготвени сте да започнете? Погледнете ги овие едноставни методи кои ќе ви помогнат за намалување на холестеролот и дознајте какво влијание имаат врз вашето здравје.
Опасности од покачениот холестерол во крвта
Холестеролот е природна масна супстанција која ја произведува црниот дроб и е потребна на телото за правилна функција на клетките, нервите и хормоните. Иако организмот има потреба од холестерол, прекумерната количина може да се наталаложи на ѕидовите на артериите, а со тоа да го намали протокот на крв во виталните органи. Доколку плакот продолжи да се наталожува долго време, тоа може значително да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.
Причинители за покачен холестерол во крвта
Па, кои се причините за висок холестерол? Верувале или не, одговорот е поширок отколку верувањето дека исхраната богата со холестерол е причина за тоа.
Нездравата исхрана богата со хидрогенизирани масти и рафинирани јагленихидрати може да го наруши балансот на холестеролот и да доведе до зголемување на неговото ниво. Овој дисбаланс се манифестира со покачен LDL (лош холестерол) и низок HDL (добар холестерол). Други причинители се:
- физичка неактивност
- дијабетес
- стрес
- хипотиреоза.
LDL и HDL холестерол – која е разликата?
Што друго е важно да се знае? LDL холестеролот, познат како „лош холестерол“ се таложи на ѕидовите на артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања.HDL холестеролот, кој од друга страна е познат како „добар холестерол“, поминува низ крвотокот, го отстранува штетниот холестерол од артериите и помага во подобрување на срцевото здравје. Па, како можете да го намалите нивото на LDL холестеролот, а да го зголемите нивото на HDL холестеролот? Прочитајте ги овие едноставни совети кои ќе ви помогнат да го намалите LDL холестеролот и вкупниот холестерол, а со тоа да го подобрите здравјето.
Како да го намалите холестеролот?
Храна која помага за намалување на холесеролот
Нема потреба да применувате исхрана во која се вклучени намирници кои содржат мал процент на холестерол. Едноставно вклучете намирници кои може да го намалат нивото на холестерол. Тие се:
- овес
- црвено вино
- лосос и други масни риби
- ореви
- мешунки
- чај
- спанаќ
- маслиново масло.
Превземено од: sezahrana.mk


