Видет Бучамауи, една од добитниците на Нобеловата награда за мир за 2015-та, денеска ќе биде гостин во македонското Собрание заедно со европратеникот Стелиос Кулоглу.
При нивната посета посебно е нагласено дека ќе се сретнат со претставници од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и на владеачката коалиција во пресрет на отпочнувањето на третата фаза од уставните измени согласно Преспанскиот договор.
На агендата е и разговор со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, како и со координаторите на сите преостанати пратенички групи.


