Добитничка на Нобелова награда за мир денеска ќе го посети Собранието на Р.Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 8:03 AM

Добитничка на Нобелова награда за мир денеска ќе го посети Собранието на Р.Македонија

Видет Бучамауи, една од добитниците на Нобеловата награда за мир за 2015-та, денеска ќе биде гостин во македонското Собрание заедно со европратеникот Стелиос Кулоглу.

При нивната посета посебно е нагласено дека ќе се сретнат со претставници од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и на владеачката коалиција во пресрет на отпочнувањето на третата фаза од уставните измени согласно Преспанскиот договор.

На агендата е и разговор со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, како и со координаторите на сите преостанати пратенички групи.