Маж истепал жена за паркинг – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/18 7:54 AM

Маж истепал жена за паркинг

Речиси секој викенд полицискиот билтен се полни со секакви случки, несреќи, кражби, напади од кучиња, но овој пат една информација посебно паѓа в очи.

Имено, 43-годишна жена пријавила дека непознат маж ја нападнал и удрил откако се скарале заради паркинг. Инцидентот се случил на улицата “Св. Кирил и Методиј”.

Мажот бил на возраст од 54 години, и во билтенот е впишан со иницијали И.К.

Кој е поривот на маж да удри жена заради недоразбирање околу паркирање? Ова прашање го поставуваат скопјани по социјалните мрежи, и констатираат дека во ваквите луѓе можат да се кријат агресивни личности кои ако напаѓаат на улица – како ли се однесуваат по дома?
Од МВР велат против И.К. поднеле соодветна пријава.