Истражувањата откриваат: Колку време е потребно за стекнување вистински пријател – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 11:01 PM

Истражувањата откриваат: Колку време е потребно за стекнување вистински пријател

Со текот на годините, многумина од нас имаат стекнато избран круг од пријатели и важни луѓе, кои засекогаш ги сакаме во животот, но кога ќе го вратите филмот наназад, дали некогаш сте се запрашале колку време ви било потребно да пуштите некоја личност во својот живот и да ја доживеете како пријател?

Познаниците ги стекнуваме на дневна основа, но за утврдување на пријателствата, сепак се потребни одредено време и труд.

Неодамна се направени социолошки истражувања кои дале резултати за оптимално време, после кое, личноста почнуваме да ја сметаме како пријател.

Спроведени се две социолошки истражувања: едно на 355 испитаници кои се имат доселено во нов град, а другото на околу 100 студенти-бруцоши, кои се наоѓаат во ново опкружување.

Испитаниците од првата група требало да се сетат на првата личност која ја имат запознато по доселувањето и да кажат како нивниот однос се развивал со текот на времето. Тие морале да откријат колку време поминуваат со таа личност и дали можат да ја вбројат во категоријата познаници , пријатели или добри пријатели.

Другата група морала да го направи истото, со измена, што тие давале одговори за познанството со колега кој прв го запознале на факултетот.

Истите прашања, на испитаниците им се поставени после 2, 4 и после 7 недели, за да се следи развивањето на пријателскиот однос.

Истражувањата покажале дека за стекнување на  чувства на познанство е потребно околу 40 до 60 часа на активно дружење. За да некој го сметаме како пријател потребни се 100 часа, а за да некој го наречеме со свој добар пријател потребни се минимално 200 часа на сктивно дружење.

Истражувачите истакнале  дека покрај времето на активно дружење, важно е колку во текот на тоа заедничко време луѓето че се зближат и ќе се отворат еден спрема друг, бидејќи тоа е основен услов за стекнување на нов пријател.