Работи што треба да ги знае секој маж кој посакува врска со самостојна жена – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/18 10:37 PM

Работи што треба да ги знае секој маж кој посакува врска со самостојна жена

Иако повеќето мажи се држат на дистанца од успешни, самостојни жени, на некои врската со ваква жена им претставува вистински предизвик.

Силните и амбициозни жени точно знаат што сакаат од животот, а и од љубовта. На нив не им е потребен маж да ги штити и да им обезбеди финансиска сигурност. Тие се многу самостојни, но би сакале својот живот да го делат со личност која е подготвена да ја прифати нивната силна енергија. Тие едноставно  сакаат емотивен партнер покрај кој ќе се чувсвуваат сакано.

Мажите кои се впуштаат во емотивен однос со ваква жена, едноставно мораат да прифатат дека таа има свои приоритети и веќе востановен живот, кој го води и во кој мажот може само да се вклопи,  без очекувања дека таа нешто ќе смени.

Прашање е дали секој маж може да се носи со жена која има толку силен карактер.

Еве што треба да знаете, ако покрај себе сакате силна и самостојна жена:

Потребна и’ е емоционална исполнетост

Со оглед дека била способна самата себе да си создаде совршени ислови за живот, нејзе емотивниот партнер и’ е потребен за да биде емотивно исполнета и сакана. Како и сите други, силните жени исто така сакаат да почувствуват љубов и внимание.

Дајте и’ простор

Самостојната и силна жена сака и општествена независност, затоа покрај себе сака маж кој има свој живот и кој ќе и’ даде простор.

Потребна и’ е доверба

Жената која поголем дел од животот била самостојна, ќе помине поголем дел од своето време независно до вас, затоа нејзе не и треба маж кој е склон на љубомора и нема доверба во неа. Таа не сака некој да ја гуши и тоа нема да го поднесува, затоа уште на почеток треба да се помирите со тоа, дека ако сте љубоморен тип, таа едноставно не е жена за вас.

Кариерата и’ е многу важна

Кариерата е еден од нивните приоритети и составен дел од нивниот животен стил. Многу е важно да го земете тоа во превид, ако сакате да го делите животот со амбициозна жена. Прашање е дали сте подготвени да се носите со жена која констатно  се залага за напредување во кариерата и дали би биле подготвени да ја следите во чекор, со оглед дека тоа подразбира некои одрекувања во вашиот живот.

Потребен и ‘ е сигурен маж

Таа покрај себе ќе сака маж кој е сигурен во себе и во своите избори и кој ќе може да и парира во секој момент на вашата врска. Таа нема време да ви го храни егото. Ако нејзината надмоќ ве обесхрабри, бидејќи немате доволно самодоверба, таа ќе го почувствува тоа и ќе си замине.